Исплови бродот „Разони“, кој плови под знамето на Сиера Леоне. На него има 26.000 тони пченка.
„Украина, заедно со нашите партнери, денеска направи уште еден чекор во спречувањето на гладот во светот“, рече Олександр Кубраков, министер за инфраструктура на Украина.
Кубраков нагласи дека Украина направила сѐ за обнова на пристаништата и дека укинувањето на блокадата ќе ѝ донесе една милијарда долари девизен приход за украинската економија.
Prevent world famine together with @UN, @EU_Commission, #G7. The first ship left the Odesa port since 24.02.2022 pic.twitter.com/Nin8nSV8LM
— Oleksandr Kubrakov (@OlKubrakov) August 1, 2022
Украинскиот министер за инфраструктура рече дека 16 натоварени бродови се заглавени во украинските пристаништа од почетокот на руската инвазија и дека планираат да ги вратат пристаништата на полн транспортен капацитет во наредните недели.
Испловувањето на првиот брод што извезува украинско жито рано утринава го најави Турција.
Министерството издаде соопштение во 7:30 часот по локално време. Во него се вели: „Првиот брод од украинските пристаништа ќе исплови денеска во 8:30 часот“.
Извозот на украинско жито беше блокиран со месеци поради руската инвазија.