Американската интернет компанија Yahoo по 18 години го смени логото, избирајќи дизајн со потенки букви. За новото лого, извршниот директор на компанијата, Мариса Мајер напиша на својот блог:
“Знаевме дека сакаме логото што го рефлектира Yahoo – чудно, но сепак софистицирано. Модерно и свежо, со човечки допир, лично. Гордо.”
За Мајер нема место за прави линии во новиот дизајн, затоа што “прави линии не постојат во човечкиот облик и се екстремно ретки во природата, па затоа сите линии и форми се барем малку закривени, што му дава човечки допир на логото”.