Во Хрватска се подготвува поголем и поскап проект од Пељешки мост : инвестиција од 2,8 милијарди евра

Во Хрватска неодамна се отвори Пељешкиот мост, проект вреден 420 милиони евра, а се подготвува уште поголем и поскап проект – реновирање на железничката пруга и изградба на дополнителна пруга од Загреб до Риека, пишува љубљанскиот весник весник „Дело“. Хрватите во инфраструктурата на железницата ќе инвестираат вкупно 2,8 милијарди евра.

Во текстот  детално ја опишува секоја фаза од проектот кој „на исклучително тежок терен долг 120 километри до морето“ опфаќа изградба на 21 мост и 19 тунели, од кои најдолгиот ќе се протега низ ридот Капела во должина од 14,5 километри.

HŽ Infrastruktura очекува дека за проектот ќе повлечат 85% неповратни средства од ЕУ фондови.