МОЛ му нуди на Киев да ја плати транзитната такса наместо Транснефт

Унгарската компанија за нафта и гас MOL потврди дека испораките на руска нафта преку јужниот крак на гасоводот Дружба престанале пред неколку дена и објави дека започнала преговори за преземање на обврската за плаќање на транзитната такса за Украина во име на Транснефт.

„Танснефт“ во понеделникот објави дека украинскиот државен оператор „Укртранснафта“ престана да испумпува руска нафта преку јужниот дел на системот „Дружба“ до Европската унија, бидејќи европските санкции против Русија ја спречуваат руската фирма да плаќа транзитна такса за Украина.

Унгарскиот информативен портал Ориго објави дека МОЛ понудил да ја плати транзитната такса во име на Транснефт, но дека не добил одговор од Украина, пренесува Танјуг.

Фото: Facebook