Словенија бара 25.900 работници – бројот на слободни работни места достигна рекордно ниво

Во Словенија во вториот квартал од годината има речиси 25.900 слободни работни места – највисока бројка откако националниот завод за статистика почна да ги објавува тие податоци во 2008 година.

Најголем дел од слободните работни места се во угостителството.

Отворените работни места во вториот квартал се зголемени за 6 отсто во однос на првиот квартал и за една четвртина, или речиси 5.100 слободни работни места, во однос на вториот квартал минатата година.

Побарувачката за вработени во периодот беше посилна во сите сектори освен рударството, производството и недвижностите.