Kaspersky и Microsoft ги здружија силите за сајбер безбедност

72

Kaspersky и Microsoft ги интегрираа своите безбедносни тимови за полесно откривање на сајбер заканите, поефективно проценување и следење на ситуацијата и одговор на потенцијален инцидент.

Две компании ги здружија силите за да обезбедат разузнавачки информации за корисниците на услугата Microsoft Sentinel.

Kaspersky и Microsoft го интегрираа „Kaspersky Threat Data Feeds“ со „Microsoft Sentinel“, решение за облак SIEM и SOAR, за да им овозможат на корисниците практичен увид во податоците за истрага и одговор на сајбер напади.