ОРМ: Сметките за електрична енергија за август очекуваме да ни бидат за 50% повисоки од јулските

135

Ново предупредување од работодавачите во очекување денеска да биде прогласена енергетска криза. Оценувајќи ја како драматична ситуацијата со цените на електричната енергија стравуваат дека секој месец сметките ќе им бидат за 50 % повисоки.

Во разговор со „Локално“, дел од работодавачите стравуваат дека нема да го преживеат периодот што следи доколку Владата не донесе итни мерки и решенија.

„Зачудува фактот што како да се сакаме да се однесуваме како се да е во ред и она што го говорат работодавачите да е не реално. Сметките за електрична енергија веќе ги добивме за изминатиот месец. Цената на потрошената  електрична енергија за јули е за повеќе од 50% повисока од онаа за јуни. Се поставува прашањето дали стопанствениците можат да го пресметаат овој сериозен трошок во својот производ. Уште пострашен е фактот што со ова рапидно зголемување на цената на електричната енергија,за месец август сметката ќе биде за уште толку повисока. Каде одиме? Која ни е целта на делување ако сме оставени сами на себе. Есента ќе донесе уште поголема потрошувачка на електрична енергија, што значи вредносно уште поголем трошок. Ако уште денес Владата не интервенира, стопанството ќе биде приморано со стартот на зимата да стави катанец на своите врати и да очекува посветла иднина за оваа економија“, вели за „Локално“, Владанка Трајковска од Организацијата на работодавачи на Македонија.