Расположението на германските бизнисмени на најниско ниво во последните две години

68

Расположението во германската економија се влоши во август трет месец по ред, паѓајќи на најниско ниво за нешто повеќе од две години, покажува истражувањето на германскиот институт за економски истражувања Ifo.

Индексот на деловната клима на Ifo падна во август за 0,2 поени во однос на јули, на 88,5 поени, најниско ниво од јуни 2020 година.

„Расположението во германската економија е лошо“, заклучи претседателот на Ifo, Клеменс Фуест, посочувајќи го високото ниво на неизвесност меѓу компаниите.

Економијата во Германија се очекува да се намали во третиот квартал, додаде Фуст.

Во вториот квартал активноста благо пораснала, за 0,1 отсто во однос на претходните три месеци, објави Заводот за статистика, чии претходни проценки покажуваа стагнација. Во првиот квартал најголемата европска економија порасна за 0,8 отсто.

„И покрај тешките економски услови во светот, германската економија не се откажа во првите два квартали од 2022 година“, изјави претседателот на Заводот за статистика, Георг Тиел.

Поддршката беше првенствено лична и државна потрошувачка, кои во однос на почетокот на годината бележат пораст од 0,8 односно 2,3 отсто.

„Без оглед на силниот раст на цените и енергетската криза, потрошувачите го искористија укинувањето на речиси сите ограничувања поради пандемијата во вториот квартал и повеќе патуваа и излегуваа“, се истакнува во извештајот „Дестатис“.

Порасна и размената со странство, па извозот благо порасна за 0,3 отсто и покрај намалениот извоз во Русија и прекините во синџирите на снабдување. Увозот е зголемен за 1,6 отсто во однос на претходните три месеци.

На годишна основа, економијата порасна за 1,7 отсто во периодот од април до јули, покажуваат сезонски и календарски прилагодените податоци.