ЕУ ќе се соочи со „пет до 10 страшни зими“ доколку не се намали цената на гасот

104

Белгискиот министер за енергетика Тин Ван дер Стратен предупреди дека земјите од ЕУ ќе се соочат со „пет до 10 страшни зими“ доколку не се преземе ништо за намалување на цените на природниот гас.

Сè повеќе има повици за ограничување на цените на гасот низ ЕУ и за одредување на цената на гасот одделно од цената на струјата, пренесува Ројтерс.

Земјите на ЕУ се борат со огромни зголемувања на цените на енергијата откако Русија, клучен снабдувач на гас, ја нападна Украина во февруари.

Во меѓувреме, Германија потврди дека ги надополнува своите резерви на гас побрзо од очекуваното, додека другите западни земји кои ја поддржуваат Украина се обидуваат да го намалат увозот на руски гас и нафта.

Русија, која минатата година ја снабдува ЕУ со 40 отсто од потребните количини гас, неодамна ги ограничи испораките.

Белгискиот министер за енергетика Тин Ван дер Стратен на Твитер порача дека цените на гасот во Европа треба веднаш да се замрзнат, што укажува дека врската меѓу цените на гасот и струјата е вештачки воспоставена и тоа треба да се промени.

„Следните пет до 10 зими ќе бидат ужасни ако не направиме ништо“, рече таа.

„Мораме да дејствуваме на самиот извор, на европско ниво и да работиме на замрзнување на цените на гасот“, рече ван дер Стратенова.

Поскапуваат и струјата во Европа и оваа недела достигнаа рекордни вредности, а гасот е главно гориво за производство на струја.