Норвешка: Сопственици на Tesla почнаа штрајк со глад , возилата што ги купиле имаат многу проблеми

154

Норвешка е светски рекордер по електрификација на возниот парк, но и таму има проблеми. За најновите проблеми, наводно, се обвинуваат автомобилите на Tesla, за кои група сопственици од Норвешка тврдат дека се расипливи и имаат бројни проблеми. А за да им се слушне гласот се решија на радикален потег и започнаа штрајк со глад.

Со таков ригорозен метод сакаат да го свртат вниманието на проблемите кои секојдневно ги доживуваат во своите автомобили. Според нивните тврдења, автомобилите на Tesla имаат бројни проблеми, кои се движат од лош квалитет на производство, како што се нефиксирани седишта, до случаи кога автомобилот не може да се стартува, пишува Index.hr.

Нивната крајна цел е Елон Маск да слушне за нив. Сигурни се дека ќе одговорат на нивните барања и ќе им помогнат. Досегашното искуство е дека целиот процес на сервисирање трае предолго, а честопати грешките не се целосно отстранети.