Бензините се намалуваат за два денари, а цената на дизелот останува иста, одлучила денеска Регулаторната комисија.
-Бензинот БС-95 поевтинува од полноќ за два денари и ќе чини 89,5 денари, колку што поевтинува и БС-98 и ќе чини 90 денари за литар. Цената на дизелот останува иста и тој ќе се продава за 101,5 денари за литар, информира претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски на денешната прес конференција.