Американскиот технолошки гигант Micron Technology најави дека до крајот на деценијата ќе инвестира 15 милијарди долари во нова фабрика за полупроводници во родниот град Боиси, Ајдахо.
Според производителот на полупроводници, фабриката ќе отвори импресивни 17.000 нови работни места.
„Ова е голема победа за Америка“, изјави претседателот Џо Бајден, цитиран од светските агенции.
Вестите за идниот објект доаѓаат во прилог на планот на САД да се израмнат со азиските ривали во индустријата за полупроводници, пренесува ABC News.
Компанијата планира да инвестира 40 милијарди долари до крајот на деценијата за изградба на производствени капацитети во САД за поддршка на нејзините локации во Јапонија, Тајван и Сингапур, како и изградба на помал капацитет во Манасас, Вирџинија.
Во август, американската компанија рече дека ќе ги искористи „предвидените“ владини грантови и заеми за да и помогне да инвестира 40 милијарди долари до крајот на деценијата во изградба на капацитет за производство на полупроводници во САД.