Цените во Хрватска од денеска во куни и евра

123

Во Хрватска од денеска, на неполни четири месеци пред влезот на Хрватска во еврозоната, стапува во сила законската обврска за прикажување на цените во куни и евра, како мерка за заштита на потрошувачите во процесот на воведување на новата валута.

Од денеска до 31 декември 2023 година деловните субјекти и другите даночни обврзници мора јасно да ја наведат цената и другите парични вредности и во евра и во куни во односите со потрошувачите, пренесува Индекс.

Обврската е дека цените на стоките и услугите мора да бидат јасно видливи, лесни за читање, разбирливи, изразени на таков начин што тие не го доведуваат во заблуда потрошувачот и дека потрошувачот може точно да разбере за кои стоки или услуги се однесува цената и дека можат да проверат дали се правилно пресметани цени.

Исто така, фиксниот курс треба да биде истакнат на видно место во продажниот простор.

Двојното декларирање на цените компаниите ќе треба да го применат на ценовниците и промотивните материјали што ги објавуваат на интернет и во медиумите.

Советот на Европската унија на 12 јули годинава донесе одлука за усвојување на еврото во Хрватска на 1 јануари 2023 година, бидејќи утврди дека Хрватска ги исполнува сите потребни услови за воведување на еврото како официјална валута.

И Советот на Европската унија утврди дека курсот е 7,53450 куни за едно евро.