Кинеската компанија за игри NetDragon Websoft неодамна назначи виртуелна личност поддржана од вештачка интелигенција за нејзин извршен директор; виртуелната Танг Ју ќе го води бизнисот на главната подружница на компанијата, Fujian NetDragon Websoft.
Танг Ју ќе носи одлуки во врска со секојдневниот бизнис, а една од нејзините главни задачи ќе биде да обезбеди поефективен систем за управување со ризик, пишува Bug.hr.
Човечките членови на администрацијата ќе ја користат и како центар за податоци во реално време и аналитичка алатка. Конечно, Танг Ју треба да обезбеди квалитетна работна средина за вработените, се вели во соопштението на компанијата.
„Ние веруваме дека вештачката интелигенција е иднината на корпоративниот менаџмент, а нашето назначување на Танг Ју ја претставува нашата посветеност на вештачката интелигенција да го трансформира начинот на кој го водиме нашиот бизнис и на крајот да го поттикне нашиот иден стратешки раст“, велат од компанијата.
NetDragon Websoft е еден од најпознатите кинески креатори на онлајн игри како Eudemons Online, Heroes Evolved, Conquer Online и Under Oath. Компанијата сака да ја изгради најголемата глобална заедница за онлајн учење и да испорача интегрирани решенија за учење во секое училиште во светот, а во последните години интензивно го развиваат секторот за онлајн образование.