Колку недостигот на чипови ја чинеше автомобилската индустрија?

Недостигот на чипови ја чинеше европската автомобилска индустрија речиси 100 милијарди евра минатата и оваа година, според Алианц трејд.

Недостатокот на чипови резултираше со приближно 18 милиони возила помалку произведени ширум светот. Според Allianz, европските производители на автомобили биле особено погодени. Помеѓу јануари и август 2022 година, продажбата на нови автомобили беше речиси 12 отсто помала од минатата година во Европската унија, според Revija HAK.

Индустријата делумно  и сама го влоши проблемот.

– Направени се многу заштеди за да се ублажи влијанието на короната. Меѓу другото, со минимизирање на залихите и нарачките за полупроводници – вели Алијанц. Како резултат на тоа, производителите на чипови побараа засолниште на друго место, со производство фокусирано на силни пазари како што е пазарот на компјутери.

Кога автомобилскиот пазар заживеа, беше достапна само ограничена количина чипови за автомобилската индустрија – објаснува Алијанц. Покрај тоа, војната во Украина и блокадите во Кина дополнително ги влошија проблемите со снабдувањето.

Од „Алијанц трејд“ очекуваат дека понудата на чипови во Европа долго ќе остане во зоната на неизвесност бидејќи во денешните автомобили се инсталирани чипови од 600 евра, што е повеќе од двојно во споредба со времињата од пред десет години. Решението е Европа да почне да прави сопствени чипови…