Побарувачката за ново Ферари ја закочи продажбата – има приоритети при купувањето

214

Првиот теренец на италијанскиот производител на спортски автомобили стана вистински хит меѓу богатите купувачи во моментот на неговото лансирање, па Ферари размислува да го затвори својот нарачки поради преголемата побарувачка.

Ferrari неодамна го претстави својот прв SUV – Purosangue. Само неколку дена по премиерата, челниците на италијанската компанија објавија дека размислуваат да ги суспендираат нарачките за овој модел за да ја задржат ексклузивноста.

Маркетинг менаџерот на Ферари, Енрико Галиера, открива детали за огромниот интерес за моделот Purosangue. Проценките се дека побарувачката е поголема од она што го очекуваше италијанскиот бренд и што може да го испорачаат за краток временски период. „Ние ризикуваме ситуација во која не можеме да ја задоволиме побарувачката и веројатно ќе мора да престанеме да прифаќаме нови нарачки многу брзо“, рече Галиера.

Точните бројки сè уште не се објавени, но со малку математика е можно да се направи проценка.

Ферари сака да ја задржи ексклузивноста на своите модели и планира да го ограничи производството на Purosangue на не повеќе од 20 проценти од вкупното годишно производство.

Компанијата  моментално има производствен капацитет од околу 15.000 возила годишно, што значи дека околу 3.000 модели на Purosangua ќе излегуваат од фабричките линии секоја година.

Маркетингот на Ferrari вели дека тие почнале да ги земаат првите нарачки за Purosangue во септември 2018 година, кога за прв пат беше официјално објавено дека компанијата ќе го изгради својот прв SUV. Меѓутоа, кога беше објавено дека Purosangue ќе има V12 мотор, бројот на пред-нарачки „експлодира“.

Претходните сопственици на моделите на Ферари ќе имаат приоритет при купувањето.