Македонија и Хрватска ќе го дорегулираат договорот за одбегнување на двојното даночење, со цел компаниите да имаат право на одбиток на ДДВ

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска присуствуваше и се обрати на Бизнис форумот со Стопански комори на Република Северна Македонија и Република Хрватска.

Бизнис форумот е во организација на Амбасадата на Република Северна Македонија во Загреб, Хрватската стопанска комора и Македонско – Хрватскиот деловен клуб, а на истиот учествуваат и претставници од Стопанската комора на Северна Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Сојузот на стопански комори како и голем број на компании од двете земји.


На средбата двајцата потпретседатели зборуваа и за билатералниот договор за одбегнување на двојното даночење помеѓу Република Хрватска и Република Северна Македонија.

Министерствата за финансии на двете земји, Република Хрватска и Република Северна Македонија, ќе ги дорегулираат сите дополнителни права и обврски кои се однесуваат на договорот за одбегнување на двојното даночење меѓу Република Хрватска и Република Северна Македонија, со цел компаниите на двете земји да имаат право на одбиток на ДДВ за промет остварен во другата земја.

Пред започнување на Бизнис форумот состанок одржаа и претставници на коморите на двете држави на кој се приклучија и потпретседателите Бутковиќ и Битиќи. На состанокот беше присутен претседателот на Хрватска стопанска комора, Лука Бариловиќ, претседателот на македонско-хрватскиот бизнис клуб, Иво Усмиани, претседателот и извршниот директот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и Антони Пешев, претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа, потпретседателот на Сојузот на стопански комори, Орце Симов како и амбасадорот на Република Северна Македонија во Република Хрватска, Милаим Фетаи.