Бизнис форумот е во организација на Хрватската стопанска комора, а на истиот учествуваат и претставници од Стопанската комора на Северна Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Сојузот на стопански комори како и голем број на компании од двете земји.
Во своето обраќање на отворањето на Бизнис форумот вицепремиерот Битиќи се осврна на можностите кои се отвораат пред нас.
Истакнувајќи дека Хрватска како земја членка е дел од единствениот пазар на ЕУ кон кој се стреми и нашата држава како и додека се подготвуваме за влез во ЕУ, многу стандарди веќе се усогласени со оние на Европска унија. Дополнувајќи дека искуствата кои Хрватска ги има ќе ги земеме како лекции за побрзо интегрирање на нашата земја.
„Одлично е што денес овде имаме претставници од Коморите, кои верувам дека можат да ја интензивираат соработката меѓу бизнисите во Хрватска и Северна Македонија, бидејќи преку формализиран пристап од двете страни ќе има поголема двонасочна комуникација и убеден сум дека таа би била плодна, бидејќи преку системско и темелно артикулирање на барањата на компаниите можат да се најдат соодветни решенија за надминување на предизвиците”, заклучи Битиќи.
На Бизнис форумот претставници на Кабинетот на вицепремиерот Битиќи пред присутните имаа и презентација за можностите и условите за инвестирање во нашата земја.














