Ко-основачот на Airbnb во менаџментот на Tesla

Тесла го назначи ко-основачот на Airbnb, дизајнер и милијардер Џо Гебиа за независен член на својот одбор на директори, се вели во регулаторното поднесување објавено во средата.

Додавањето на Гебиа во управниот одбор на производителот на електрични возила следи по заминувањето на претседателот и главен директор за технологија на Oracle, Лари Елисон, што беше објавено во јуни и финализирано по гласањето на акционерите во август.
Гебиа е во Airbnb уште од нејзините почетоци во 2007 година. Тој се повлече од својата оперативна улога во компанијата  во јули оваа година.

Сепак, Гебиа останува во одборот на Airbnb и служи како претседател на Airbnb.org, непрофитна организација поврзана со компанијата која обезбедува домување за луѓето раселени во време на криза, вклучително и оние погодени од природни катастрофи и глобални конфликти.