Цените на нафтата на меѓународните пазари паднаа под 95 долари под притисок од стравот од рецесија што ја зголеми загриженоста за побарувачката.
Во моментов цената на нафтата на лондонскиот пазар е 94,38 долари, додека барелот на американскиот пазар се тргува по 89,30 долари, објави веб-страницата OilPrice.
Трговците во вторникот беа загрижени и за песимистичките прогнози за светската економија, пренесува SEEbiz.
Претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас и директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, во понеделникот предупредија на зголемен ризик од глобална рецесија.











