Лидерите на Европската унија денеска треба да се сретнат во Брисел на уште еден дводневен самит на кој влијанието на војната во Украина врз енергетскиот пазар на блокот ќе биде фокусна точка.
Прашањето за тоа како да се намалат цените на гасот се очекува да ги задржи лидерите фокусирани бидејќи неодамнешниот предлог на Европската комисија не објасни како може да функционира ограничувањето на цената на тој енергенс.
Повеќето земји бараат таква мерка, додека некои, вклучително и Германија и Холандија, остануваат скептични. Нацрт-законот претставен во вторникот предвидува можност за ограничување на големопродажните цени само како последно средство.
Лидерите на ЕУ, исто така, се очекува да разговараат за тоа како да се финансираат потенцијалните мерки за цената на гасот и пакети за помош за олеснување на домаќинствата и бизнисите поради високите трошоци за енергија.











