Маск планира да го намали бројот на вработени во компанијата од 7.500 на околу 2.000.
Аналитичарите, експертите, па дури и вработените во Твитер го предупредија Маск дека таквиот потег ќе го уназади Твитер со години и ќе ја загрози неговата стабилност. Драстичните отпуштања би го направиле Твитер поранлив на разни хакерски напади, спам пораки и други проблеми со кои нема да има доволно луѓе да се справат.
Во април, Маск сакаше да го купи Твитер за 44 милијарди долари, за нагло да се повлече од бизнисот бидејќи сметаше дека Твитер не му објаснил правилно колку кориснички сметки всушност се „ботови“. Твитер го тужеше, а судот во Делавер на страните им даде рок до 28 октомври да се спогодат, a во ноември ги чека судење.











