Лидерот на Хонг Конг Џон Ли најави дека овој административен регион на Кина ќе инвестира речиси четири милијарди долари за привлекување таленти и инвестиции во азискиот финансиски центар.
Хонг Конг изгуби илјадници жители од почетокот на пандемијата.
Ли, кој ја презеде функцијата главен извршен директор на Хонг Конг во јули, рече дека владата ќе одвои 3,8 милијарди долари за да привлече бизниси во градот и ќе започне таканаречена „шема за пропусници“ за врвните таленти за „да ги охрабри да ги ја градат својата кариера во Хонг Конг“.
„Во текот на изминатите две години, локалната работна сила се намали за околу 140.000. Покрај активното негување и задржување на локалните таленти, владата проактивно ќе бара таленти во светот“, се вели во официјалниот транскрипт од неговиот говор.
Услови за работа во Хонг Конг
Како што наведе, лицата кои заработуваат годишна плата од околу 318.000 долари или повеќе и дипломираат на 100-те најдобри светски универзитети, а кои имаат и тригодишно работно искуство во последните пет години, ќе имаат право на двегодишна пропусница за „ истражете ги можностите“ во овој град.
Странците кои ќе влезат во Хонг Конг според шеми за привлекување таленти, ќе купат стан и ќе станат постојани жители ќе можат да аплицираат за враќање на данокот на нивниот прв имот, рече Ли.
Полесно на берзата
Ли најави и мерки насочени кон зголемување на конкурентноста на Хонг Конг како финансиски центар, вклучително и олеснување на некои компании да котираат на берзата во Хонг Конг.
Берзата во Хонг Конг ќе ги ревидира своите правила за котација следната година „за да го олесни собирањето средства за напредните технолошки компании кои допрва треба да ги исполнат барањата што ги бара берзата“, рече тој, според CNBC.











