Ќерката и наследничка на богатството на Доналд Трамп, Иванка Трамп, моментално живее во Њујорк, во својот извонредно уреден апартман со 10 соби, заедно со својот сопруг Џаред Кушнер и двегодишната ќеркичка Арабела Роуз.
Луксузниот апартман е совршен спој на старото и новото. Модерниот брачен кревет во спалната соба е изработен по нарачка, додека столчињата се Француски парчиња во стилот на 40-тите.
Дневната соба исто така отсликува две времиња преку неколкуте уникатни парчиња, како софа и тепих изработени по нарачка и винтиџ Jindrich Halabala столици, како и коктел маса од 70-тите.