Владата на Србија одлучи максималната малопродажна цена на сончогледовото масло за јадење во пакување од еден литар да не надминува 219,99 динари (115 денари).
Ова се наведува во измените на Правилникот за ограничување на цената на основните прехранбени производи, кои Владата на Србија ги донесе на 20 октомври, а кои ден подоцна беа објавени во Службен весник, пренесува Танјуг.











