Швајцарска банка ќе ѝ плати на Франција 238 милиони евра за да избегне тужба

122

Швајцарската банка Credit Suisse се согласи да плати 238 милиони евра на Франција за да избегне кривично гонење за измама, соопшти денеска надлежен суд во Париз.

Банката се согласи на плаќање за да избегне тужба за прикривање даночно затајување од страна на нејзините клиенти во Франција помеѓу 2005 и 2012 година.

Судот наведе дека швајцарската банка ќе избегне тужба во Франција и ќе го реши спорот со даночните власти на кои ќе им плати отштета од 115 милиони евра, а на судот 123 милиони евра.