Поранешниот министер за финансии на САД, Стивен Мнучин денеска изјави дека верува оти САД веќе се во рецесија и дека економскиот тренд ќе продолжи.
Во своето обраќање на големата инвестициска конференција „Иницијатива за идни инвестиции“ (FII) во Ријад, Мнучин процени дека приносите на 10-годишните државни обврзници на САД најверојатно ќе достигнат врв од 4,5 проценти.
Тој додаде дека верува оти инфлацијата во САД веројатно ќе почне да се става под контрола дури во следните две години. Мнучин изјави и дека САД и Кина мора да научат да коегзистираат и оцени дека економските прашања на Блискиот Исток мора да се решаваат регионално, пренесува Телеграф бизнис.











