Фолксваген откри до кога ќе произведува бензинци и дизел автомобили

VW ќе лансира 10 нови електрични модели до 2026 година, вклучително и нов основен модел (под ID.3), кој сака да го продаде за помалку од 25.000 евра, изјави директорот на германскиот автомобилски гигант Томас Шефер.
Тоа возило ќе се произведува во две варијанти – хечбек и кросовер, додаде Шефер. Овие автомобили се очекува да имаат ознаки ID.1 и ID.2.

Шефер најави дека во 2023 година VW ќе претстави освежена верзија на компактниот модел ID.3, прва во новата генерација на целосно електрични автомобили. Компанијата интензивно работи и на кросовер верзија на моделот ID.3.

Истовремено, во следните десет години, масовните марки кои работат во рамките на групацијата VW ќе го намалат бројот на понудени модели, со цел да се фокусираат на основните модели, со цел да се зголеми профитната маржа за масовните брендови (VW , комерцијални возила Seat, Škoda и VW) за 8 проценти до 2025 година

И конечно, компанијата постави рок до кој ќе произведува бензински и дизел мотори. Имено, брендот Фолксваген ќе произведува исклучиво електрични автомобили во Европа веќе во 2033 година, изјави Шефер.

Значи, тогаш престанува производството на бензински и дизел автомобили, барем за европскиот пазар.