Рускиот „Мекдоналдс“ брзо напредува: Се проширува надвор од нивните граници

Рускиот ланец за брза храна Вкусно – и точка по тешкиот почеток оваа пролет почна да се пробива на меѓународните пазари. Станува збор за синџир што е создаден во Русија откако Мекдоналдс го напушти пазарот на почетокот на инвазијата на Украина
„Влегуваме на нов пазар“, најави Александар Говор, сопственик на синџирот ресторани и откри дека освен во Русија бизнисот ќе го прошири и во Белорусија. „Тоа е само почеток“, додаде Говор.

Од отворањето во јуни, 800-те ресторани со кои тој раководи имаа значителни проблеми со набавката на суровини, а на самиот почеток на работењето беа погодени од недостиг од компири и кока-кола.

Рускиот „Мекдоналдс“ во петокот објави дека стапил во соработка со белоруската компанија „КСБ Виктори“ и дека се исполнети сите услови франшизата да се прошири надвор од границите на Русија.

Планот е да се отворат 25 ресторани низ Белорусија, првиот сосед и верен сојузник на Русија, а локациите каде што ќе бидат отворени рестораните сега се франшизирани од Мекдоналдс. Во соопштението за медиумите се наведува дека на овој начин ќе се „заштедат“ повеќе од 2.000 работни места, што сугерира дека американскиот прехранбен гигант би можел да се повлече и од таа земја.

Како точно функционира Вкусно и точка никој не знае, освен што објавија дека во септември продале повеќе од 1,2 милиони хамбургери и дека повремено ги уриваат рекордите на Мекдоналдс.

Мекдоналдс ги затвори сите ресторани во Русија на 14 март, се повлече од пазарот и продаде 830 локации на претприемачот Александар Говор.