Компанијата Google прифати да плати 391,5 милион долари, за 40 американски сојузни држави да на поднесат судска постапка против неа.
На компанијата и е наложено во иднина да биде потранспарентна во врска со следењето на локацијата и да развие веб страна на која корисниците ќе можат точно да видат кои податоци се собираат.
Ова е најголема вонсудска спогодба во спор со повеќе сојузни држави поради загрозување на приватност во американската историја.
Минатиот месец Google поради слични тужби за собирање на податоци за локацијата на корисниците на државата Аризона и платил 85 милиони долари, а допрва го чека судење по тужби од Тексас, Индијана, Вашингтон и Дистриктот Колумбија.
Локациите на корисниците им помагаат на огласувачите при таргетирање на производи, па Google од реклами годишно остварува приход од 200 милијарди долари.
Јавниот обвинител во Орегон, Елен Розенблум, која го водела случајот во име на 40-те држави, рекла дека Google веќе четири години му дава приоритет на профитот во однос на приватноста, додавајќи дека тоа е итро, но неприфатливо.
„Потрошувачите веруваат дека на Google го исклучиле трагачот за локација, но компанијата и покрај тоа тајно продолжува да го регистрира нивното движење и тие податоци ги користат огласувачите“, рекла Розенблум.











