Millennium Force
Оваа челична железница се наоѓа во забавниот парк Cedar Point во Охајо, Сад и е дело на интернационалната градежна компанија Интамин со седиште во Швајцарија. Изградбата на истата чинела 25 милиони долари. Millennium Force е изгласана за една од најдобрите челични луди железници во светот од посетителите и вљубениците во овие адреналински возења.
Steel Dragon 2000
Железницата Steel Dragon 2000 е лоцирана во забавниот парк Nagashima Spa Land во Јапонија. Оваа гигантска железница беше пуштена за посетители во 2000 година, односно годината на Змејот во азиската култура. За изградба на железницата беа потребни 52 милиони долари, а компанијата која стои зад неа е Morgan Manufacturing со седиште во Калифорнија, САД.
Expedition Everest
Најскапата железница во светот е Expedition Everest за чија изградба биле потрошени дури 100 милиони долари. Изградена е од страна на холандската градежна компанија Vekoma во тематскиот парк Disney’s Animal Kingdom. Се наоѓа во Дизниевиот Светски резорт покрај езерото Buena Vista, во Флорида, САД.