ФАО: Цените на храната стагнираа во ноември

Цените на храната беа речиси непроменети во ноември, бидејќи падот на цените на житариците, млекото и млечните производи го неутрализираше поскапувањето на маслодајните семиња и шеќерот, објави во петокот агенцијата на ОН за храна и земјоделство ФАО.

Индексот на цените на ФАО на кошничката основни прехранбени производи во ноември во просек изнесуваше 135,7 поени и е за 0,2 поени понизок од октомври.

Цените се исто така речиси еднакви на нивото во ноември 2021 година.

Најмногу паднале житарките во ноември, за 1,3 отсто во однос на октомври, а потоа млекото и млечните производи, со пониски цени за 1,2 отсто.

Пченицата и пченката поевтинија за 2,8, односно 1,7 отсто во однос на октомври, делумно благодарение на продолжувањето на договорот за извоз од црноморскиот регион.

Послабата побарувачка на путер, обезмастено и полномасно млеко во прав влијаеше на цените на млекото и млечните производи.

Поевтини и месото, за 0,9 отсто.

Од друга страна, маслодајните семиња поскапеа за 2,3 отсто, со што заврши седуммесечниот период на пад на цените под влијание на повисоките цени на маслото од палма и соја.

Најмногу поскапе шеќерот во ноември, за 5,2 отсто во однос на октомври, поради бранот откуп и густата понуда поврзана со доцнењето на жетвата кај клучните производители и намалените извозни квоти во Индија.

Во посебен извештај за понудата и побарувачката на пазарот на житни култури, ФАО ја намали прогнозата за овогодинешното производство на житни култури на 2,756 милијарди тони. Во ноември тој предвиде дека ќе достигне 2,764 милијарди тони.

Тоа би значело дека производството оваа година ќе се намали за два отсто и ќе се лизне на најниско ниво во последните три години, посочува ФАО.

Прогнозата беше намалена поради послабите изгледи за родот на пченката во Украина, бидејќи војната нагло ги зголеми трошоците во периодот по жетвата.

Проценката на глобалните залихи на жито на крајот на тековната земјоделска сезона, која завршува во летото следната година, е речиси непроменета од ноемвриската и предвидува 839 милиони тони жито. Тоа би значело дека тие би биле за 2,2 отсто пониски отколку на крајот на сезоната 2021/2022.