Пад на продажбата на западните марки на автомобили – Русите најмногу купуваат Лада

Продажбата на патнички и лесни комерцијални возила во Русија паднала за 61,6 отсто во ноември во споредба со минатата година, покажуваат податоците на Асоцијацијата на европски претпријатија (АЕБ). Минатиот месец на рускиот пазар беа продадени 46.403 возила.

Продажбата на Lexus падна за 100 отсто, додека Volkswagen и Toyota забележаа пад на продажбата од 99 отсто. Во исто време, Volvo и Porsche продале 98 отсто помалку возила во споредба со ноември минатата година, пренесува Комерсант.

Во исто време, аналитичката агенција Autostat објави податоци за продажбата на автомобили во Русија за ноември тековната година. Во ноември во Русија се купени 19 отсто повеќе автомобили отколку во октомври, а 40 отсто од вкупната продажба е направена од домашната марка Лада. На второ и трето место според продажбата се кинеските производители Chery и Haval.

Од мај до септември 2022 година, месечниот обем на рускиот автомобилски пазар се зголеми од 27.400 продадени возила, додека во октомври се намали на 43.300. Според официјалната статистика на AvtoVaz, која ја произведува Lada, продадени се 21.726 автомобили, што е за 13,5 отсто повеќе отколку во октомври, пренесува Motor.ru.