Тева во Хрватска отвора Центар за финансиски активности

52

Во рамките на фармацевтската компанија Плива во Загреб се отвора Центар за финансиски активности која ќе пружа услуги за израелската Тева група во Европа.

Центарот во кој ќе бидат вработени преку 100 стручни лица за финансии, ќе почне со работа во првата половина на 2013 година.

Станува збор за прв центар од ваков вид во Хрватска и во југоисточна Европа. Овој Центар ќе им пружа услуги на фирмите на Тева во Европа кои за производствениот процес го користат SAP софтверот.

Претседателот и главниот извршен директор на Тева Европа, Роб Кореманс, изјави дека многу очекува од Центарот за финансиски активности. Тој изнесе податок дека пет милиони луѓе секој час користат некој од лековите и другите производи од портфолиото на оваа израелска компанија.

Тева во 2008 година го презеде американскиот Barr Pharmaceuticals, кој пак беше 95% сопственик на Плива. Со тоа, Тева стана сопственик и на најголемата хрватска фармацевтска компанија.