Пазарот на мобилни видео игри ќе доживее пад

Како што сега стојат работите, пазарот на мобилни видео игри ќе доживее пад оваа година, прв од ваков вид во ерата на паметни телефони.

Според „Фајненшл тајмс“, овој до неодамна брзорастечки сектор е под притисок на зголемените трошоци за рекламирање, падот на личните трошоци, пренесува Пословни дневник.

Мобилните игри почнаа да навлегуваат на пазарот во доцните 90-ти кога се појави познатата Nokia „Snake“, но вистинската експанзија започна во 2008 година со појавувањето на App Store на Apple, што го направи пазар вреден речиси 100 милијарди долари.

Помали приходи за 6,4 отсто

Со други зборови, секој втор долар што го заработува индустријата за видео игри доаѓа од мобилните игри. Newzoo проценува дека приходот на пазарот на мобилни игри ќе достигне 92,2 милијарди долари оваа година, што значи дека би бил за 6,4 отсто помал од претходната година.

Во тој случај тоа би било ненадеен пресврт на состојбата на пазарот со оглед на тоа што во 2021 година е забележан раст на приходите од 7,3 отсто, а во пандемија 2020 година дури 25,6 отсто.

Во овој контекст, треба да се истакне дека консултантската куќа Ampere Analysis ги намали прогнозите за овогодинешниот приход од мобилните игри, проценувајќи дека тие ќе паднат за 6,4 отсто или шест милијарди долари помалку од лани.

Причината за падот е слабоста на најголемите светски пазари за игри, САД, Кина и Јапонија, па Ampere истакнува дека тоа е „повик за будење“ за целата индустрија за игри. Инаку, целата индустрија за видео игри оваа година се соочи со забавување, заедно со проблемите со синџирот на снабдување кои се одразија на послабата продажба на најновата конзола PlayStation 5.

Во својот последен финансиски извештај објавен во ноември, директорите на Take-Two Interactive – издавачот на Grand Theft Auto кој го заврши купувањето на производителот на мобилни игри Zynga за 12,7 милијарди долари во мај – ја обвини „тековната макроекономска средина“ за купувањата во апликации „под некаков притисок“. Покрај тоа, мобилните наслови се под поголем притисок од оние што се објавени за конзолите за игри.