Amazon.com со загуба во третиот квартал

55

Најголемата светска интернет продавница Amazon.com го заврши третото тримесечје со загуба од 274 милиони долари. Слабите резултати се последица на тоа што компанијата зголемената продажба ја нивелираше со политиката на големи расходи со цел да се стимулира растот на компанијата во долгорочна перспектива.

Покрај тоа, компанијата даде прогноза за четвртиот квартал и најави можност повторно да направи загуби.

Приходите на Amazon.com во третиот квартал пораснаа за 27%, на 13,81 милијарда долари. Темпото на раст на оперативни расходи повторно го надмина темпото на раст на продажбата и достигна 28%.

Оперативната загуба на Амазон изнесуваше 28 милиони долари, иако во јули компанијата прогнозираше загуба од 50 до 350 милиони долари.