Еден од главните луѓе го напушта Фејсбук: „Не успеав да уништам глупави работи пред да нанесат повеќе штета отколку добро“

Проектот метаверс, кој Марк Цукерберг го најави толку спектакуларно и поради кој Facebook стана Мета, неодамна се соочува со низа тешкотии.

Откако вложи милијарди во проектот, Цукерберг мораше да отпушти илјадници вработени, а сега проектот го напушти и еден од водечките луѓе задолжени за виртуелната реалност, Џон Кармак.

Кармак е еден од пионерите на индустријата за видео игри и виртуелна реалност, откако се приклучи на Oculus во 2013 година, пред тој бренд да стане дел од Мета.

Во писмото за оставка, тој напиша дека долго време бил фрустриран од лошата оперативна ефикасност поврзана со одделот за виртуелна реалност на Мета. Тој додаде дека никогаш немал чувство дека навистина може да влијае на одлуките што се носат.

Јас сум на висока позиција, па мислите дека би можел да влијаам на работите. Но, никогаш не успеав да ги „убијам“ глупавите работи пред да направат повеќе штета отколку добро или да тргнат во насока во која не требаше да одат, напиша Кармак.