Најголемите акционери на хрватскиот трговски ланец Pevex покренаа иницијатива за продажба на своите акции.
За консултант за продажба на компанијата е избрана компанијата КПМГ, која треба да подготви се за прибирање на првичните понуди од потенцијалните инвеститори, пренесува Seebiz, повикувајќи се на Јутарњи лист.
Павао Вујновац, Јурица Ловринчевиќ и Марио Радиќ, како тројца најголеми акционери на Pevex, се подготвени да ги продадат своите акции во компанијата, која во последните години од банкрот премина во лидер на пазарот.
Во моментов, Pevex има 2.200 вработени, 27 продажни центри, а со понатамошен раст на онлајн продажбата, тие очекуваат приходи од околу 2,7 милијарди куни оваа година.
„Неколку акционери покренаа иницијатива за продажба на своите акции во Pevex и можам да потврдам дека сум меѓу нив. Иднината ќе покаже дали на крајот ќе се случи продажбата“, изјави Павао Вујновац за Јутарњи лист.
Минатата година, Pevex исто така го предводеше сегментот на приходи во т.н непрехранбена трговија со повеќе од две и пол милијарди куни.
Оваа компанија имаше и раст на приходите во првата година од пандемијата, а минатата година само забрза, на 11 проценти.











