Најбогата земја во светот според податоците од 2021 година е Луксембург со БДП од 118.680 долари по глава на жител (мерено со БДП по глава на жител според паритет на куповната моќ во меѓународни долари по константни цени).
Од друга страна, најсиромашна земја во светот беше Бурунди со само 722 долари по жител во 2021 година. Во просек, за секој долар на Бурундијците, Луксембуржаните имале 164 долари.
На второ место на листата на најбогати се најде Сингапур со 106.032 долари по жител, а со 102.154 долари на трето место е Ирска.
На четврто место се најде Катар со 85.128 долари, а на петто Швајцарија со 70.793 долари. Во првите десет се Норвежаните, САД, Брунеи и Хонг Конг, а топ 10 ги заокружува Данска, пренесува Бизпортал.рс.
Сите десет најсиромашни земји во светот се во Африка. На второ место зад Бурунди се најде Централноафриканската Република со 929 долари по жител, потоа Конго со 1.109 и Сомалија со 1.186 долари по жител. На листата на најсиромашни се и Нигер, Мозамбик, Либерија, Чад, Мадагаскар и Малави со 1.510 долари по жител.