Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го укина условот за старосна граница за пензионирање, што ќе им овозможи на повеќе од два милиони работници веднаш да се пензионираат.
Одлуката е донесена на помалку од шест месеци пред изборите во Турција.
Старосната граница за пензионирање претходно беше 58 години за жени и 60 за мажи. Сега е нејасно колку ќе ја чини турската држава новиот систем. Но, Ердоган рече дека 2,25 милиони луѓе имаат право веднаш да се пензионираат. Во моментов во Турција има 13,9 милиони пензионери.
Аналитичарите сметаат дека овој потег ќе му помогне на Ердоган да постигне многу добри резултати на изборите закажани за јуни.











