Платите се најниски во Бугарија, а каде во ЕУ се највисоки?

213

Просечната годишна приспособена плата за полно работно време за вработените во ЕУ во 2021 година изнесува 33.500 евра, објави Евростат.

Меѓу членките на ЕУ, највисока просечна плата е забележана во Луксембург од 72.200 евра, потоа Данска со 63.300 евра и Ирска со 50.300 евра.

Најниски плати имаат Бугарија (10.300 евра), Унгарија (12.600 евра) и Романија (13.000 евра).

Меѓу земјите од бивша Југославија највисока просечна годишна плата има Словенија – 28.760 евра, додека во Хрватска просечната е 16.170 евра.