Членките на ЕУ нема да можат да искористат 724 милијарди евра?

92

Официјални лица од четири различни земји потврдија за Ројтерс дека постои зголемен ризик членките на Европската унија да не можат навреме да го потрошат најголемиот пакет помош во историјата, додека Мануел Идалго од шпанскиот Центар за економска политика „Есаде“ укажа дека се појавиле потешкотии во новите преговори околу планот вреден 724 милијарди што беше усвоен пред две години.

Идалго, како што објави „Пословни дневник“, предупреди дека ако не се потрошат сите пари, тоа ќе стане трошок за ЕУ.

Патем, ова се пари од Фондот за закрепнување и отпорност, за кој земјите-членки подготвија Национални планови за закрепнување одобрени од Европската комисија.

Се проценува дека ќе биде најтешко да се обезбеди едногласност на 27-те членки на Унијата за продолжување на финансирањето врз основа на тој план по 2026 година, за што би била потребна поддршка од парламентите на сите земји, вклучително и Унгарија и Полска, чие користење на средствата е замрзнато поради кршење на човековите права и либералните вредности.

„Пословни дневник“ потсетува дека 70 отсто од грантовите и заемите од овој план требаше да пристигнат во земјите членки до минатата година, а останатите до годинава, но дека досега се издвоени само околу 20 отсто од парите.