Ќе може да се гледа YouTube и без интернет

91

YouTube_4YouTube објави дека ќе лансира нова опција на своите мобилни апликации, која ќе им овозможи на корисниците гледање на видео записи дури и кога нема да бидат конектирани на интернет.

Од ноември овој видео сервис на Google ќе им дозволи на мобилните уреди зачувување на видеата, за да можат да се гледаат офлајн.

“Постојано истражуваме нови начини да привлечеме што повеќе луѓе да ги гледаат нашите содржини. Како дел од оваа идеја, кон крајот на годината ќе лансираме нова опција на мобилните апликации на YouTube кои ќе помогнат да добиеме повеќе фанови, дури и кога не се онлајн”, велат од компанијата.

Со оваа опција корисниците ќе можат да гледаат видеа и онаму каде што немаат пристап до интернет, на пример во авион или подземна железница. Се уште не е јасно како ќе работи овој систем, но се чини дека YouTube нема да дозволи бесплатен пристап за симнување видеа.