Цените на нафтата стабилни

68

Денеска цените на нафтата се стабилни на светскиот пазар.

Во Лондон цената на суровата нафта „брент“ од Северното Море изнесува 82,48 долари за барел. Во Њујорк цената на лесната сурова нафта  изнесува 76,19 долари за барел, пренесува Банкар.ме.

Двата вида нафта вчера беа во пад бидејќи податоците од американските власти укажуваа на големо зголемување на залихите на нафта.

Во меѓувреме, залихите на сурова нафта во САД се зголемија четири недели по ред, при што двете најнови зголемувања беа прилично големи. Складирањето во САД се совпадна со зголемените сомнежи за брзината на закрепнувањето на Кина, пренесува Блумберг.

Се проценува дека увозот на сурова нафта од Кина, најголемиот увозник на сурова нафта во светот, падна на 10,98 милиони барели дневно од 11,37 милиони барели дневно во декември и 11,42 милиони во ноември, делумно поради новогодишниот празник.

И покрај падот на испораките во Кина, увозот на сурова нафта во Азија достигна највисоко ниво во јануари, откако се зголеми за 11 отсто во однос на декември, според податоците на Refinitiv Oil Research, објавени од Ројтерс. Вкупниот увоз на сурова нафта во Азија се искачи на 29,13 милиони барели дневно, нешто повисоко од претходниот рекорд во ноември.