
Германската авиокомпанија Луфтханза и италијанското Министерство за финансии потпишаа договор за купување на малцински удел во италијанската авиокомпанија ИТА Ервејс, јавува агенцијата Анса.
Според неофицијални извори, Луфтханза треба да издвои меѓу 250 и 300 милиони евра за 40 отсто од акциите на италијанската компанија.
Извори на кои се повикува италијанската агенција објаснуваат дека крајната цел на тековните преговори е што поскоро потпишување на купопродажниот договор. Ова е основа за добивање согласност од Европската комисија. Луфтханза до лето треба да стане сопственик на удел во италијанската компанија.
Фото: Pixabay