Дефиницијата на зборот луксуз лежи токму во она што следува. Кралските апартмани во хотелот Emirates Palace во Абу Даби, каде една вечер чини 14.000 долари.
Секој од овие воодушевувачки апартмани има 3 спални соби со сопствени тераси, трпезарии и соби за дневен престој, секоја од нив опремена со плазма телевизор. Луксузот е дополнет со увезен мермер од 13 земји и батлер достапен 24 часа.