ДТУ Подравка ДООЕЛ информира дека во Македонија нема производ Ева сардина со магдонос и лук кој е предмет на повлекување од хрватскиот пазар.
Од компанијата посочуваат дека овој производ досега воопшто не бил увезуван на македонскиот пазар.
Спорниот производот Ева сардина е повлечен од хрватскиот пазар поради проблеми со конзервата.