Фолксваген привремено се откажа од изградбата на фабрикa во Источна Европа

121

Според Фајненшл тајмс, германскиот автомобилски гигант Фолксваген ги стопирал своите планови за производство во Источна Европа во корист на изградба на фабрика во Северна Америка.
Компанијата очекува да добие субвенции од девет до десет милијарди евра за проектот во Северна Америка. Сепак, VW чека одговор од Европа на американскиот Закон за олеснување на инфлацијата (IRA) од 369 милијарди долари, пред да продолжи со плановите во регионот, објави ФТ, цитирајќи извори.

Минатата недела, членот на управниот одбор на Volkswagen, Томас Шмал, предупреди на LinkedIn дека Европа е во опасност да ја загуби „трката за милијарди евра инвестиции за кои (компаниите) ќе одлучуваат во наредните месеци и години“ поради атрактивните услови на ИРА .

Под водство на извршниот директор Херберт Дис, VW во март 2021 година објави дека ќе изгради шест гигафабрики во Европа. Унгарија, Полска, Словачка и Чешка се натпреваруваа за објектот, кој треба да биде отворен во 2027 година. Минатиот октомври компанијата изјави дека ќе донесе одлука за локацијата до средината на 2023 година.