Кинески технолошки гигант го претстави својот четбот

91

Кинескиот технолошки гигант Baidu го претстави својот долгоочекуван четбот со вештачка интелигенција, познат како ERNIE Bot (Enhanced Representation through Knowledge Integration), а неговиот извршен директор рече дека тоа е кулминација на долгогодишната напорна работа на компанијата.

Иако сè уште не работи совршено, тој беше пуштен поради побарувачката на пазарот, рече Робин Ли на прес-конференција во Пекинг.

До денес, 650 компании рекоа дека ќе се приклучат на системот на Ерни, додаде тој. Кинеските државни медиуми и храмот Шаолин беа меѓу првите пријавени партнери на Ernie Bot. Популарноста на ChatGPT поддржан од Microsoft предизвика трка меѓу кинеските технолошки гиганти и стартапи за развој на ривали.

Baidu вели дека нејзината долгорочна инвестиција во истражување и развој на вештачката интелигенција е една од причините зошто е во најдобра позиција меѓу кинеските компании да се натпреварува со ChatGPT. Трошоците за истражување и развој на Baidu во 2022 година биле 21,4 милијарди јуани (3,1 милијарди долари), што претставува 22% од приходите.

Фото:YouTube printscreen