Слаб март за доларот

78

Доларот и во март продолжи благо да паѓа, па вредноста на индексот на доларот падна и оваа недела. Инвеститорите беа вознемирени од колапсот на неколку банки, па засолниште побараа во инвестиции кои се сметаат за побезбедни во неизвесни времиња.

Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела се лизна за 0,8 отсто, на 103,86 поени. Доларот ослабе за 0,2 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0670 долари.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута потона, пак, за 2,3 отсто, на 131,90 јени.

Доларот се најде под притисок поради колапсот на две американски банки – SVB и Signature – што предизвика страв од нова банкарска криза слична на онаа во 2008 година.

Фото: Pixabay